Рејтингот на Макрон паѓа

Само 23 отсто од Французите го поддржуваат францускиот претседател Емануел Макрон, што е второ најниско ниво на поддршка од неговиот избор во 2017 година, покажа истражување на агенцијата за испитување на јавното мислење Ипсос, нарачана од весникот „Трибун Диманш“, пренесува Политика. 

Рејтингот на Макрон падна за два процентни поени во однос на октомври.

Најмала поддршка за претседателот на Франција имаше во декември 2018 година, во екот на протестите на „жолтите елеци“, кога го поддржаа само 20 отсто од граѓаните.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот