Рејндерс: Витално е властите во Северна Македонија да го задржат нивото на посветеност кон реформите

По неговата виртуелна средба вчера со министерот за правда Бојан Маричиќ, еврокомесарот за правда Дидие Рејндерс, во пишана изјава за МИА порача дека Северна Македонија треба да продолжи со реформите во судството, посебно во делот на фундаменталните права, јави дописничката на МИА од Брисел.

Рејндерс и Маричиќ вчера преку видео конференција разговарале за правосудството, борбата против корупцијата и организираниот криминал, реформите во разузнавачките служби и јавната администрација, кои се суштински услови за отворање на првите поглавја во преговарачкиот процес за членство во ЕУ.

-Патот до реформите содржи предизвици посебно со оглед на вонредните околности со пандемијата од Ковид-19. Меѓутоа, витално е властите во Северна Македонија да го задржат нивото на посветеност кон реформите, изјави Рејндерс за МИА.

Тој додаде дека земјата покажала засилени напори во реформите за владеење на правото и нагласи дека за ефикасна правна држава е од суштинско значење судството да биде независно, а судските одлуки да се имплементираат.

Еврокомесарот за правда го поздрави Законот за јавно обвинителство.

-Овој закон обезбедува отчетност за злоделата кои произлегуваат од нелегалното прислушкување, меѓутоа дополнителни напори се потребни за да се подобри состојбата со фундаменталните права, имплементацијата на реформите не смее да се забави, изјави еврокомесарот за правда за МИА.

Маричиќ – Рејндерс: Сите реформи ќе бидат реализирани во блиска координација со ЕУ

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот