Регулаторна со нова корекција на цените на горивата

Фото: Архива на „Слободен печат“

Бензините поевтинуваат, нафтата бележи благ пораст.

Цените на бензините од полноќ се намалуваат од денар до денар ипол, а цената на дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство се зголемува за половина денар. Ова е одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, која сегоја недела ги коригира цените на нафтените деривати во однос на движењето на нафтата на светските пазари..

Согласно најновата одлука, ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за еден денар и ќе се продава по цена од 48,50 денари за литар, а ЕУРОСУПЕР БС-98 бележи намалување за 1,50 денари за литар и неговата нова цена ќе биде 50,50 ден/лит.

Новата цена на дизелот ќе биде 46 денари за литар, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство ќе изнесува 35 ден/литар.

Цената на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,153 ден/кг во однос на минатонеделната цена така што тој сега ќе се продава по цена од 18,891 ден/кг.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот