Регрупирање на Исламска држава во Ирак: „Тие напреднаа, сега се како Ал Каеда на стероиди“

Исламска држава / Фото: Профимедиа

Постојат се повеќе индикации дека Исламската држава (ИД) се реогранизира во Ирак, две години откако ги загубија последните територии во оваа земјата на Блискиот исток, пишува Би-Би-Си.

Курдските и западните разузнавачки лица изјавија за британскиот медиум дека присуството на ИД во Ирак сега е постофистицирано, како и дека нападите на терористичката организација се интензивирале.

„Милитантите сега се поопасни и пообучени во споредба со оние на Ал Каеда“, според Лахур Талабани, првиот човек за борба со тероризмот на Курдите.

– Тие имаат подобри техники, подобри тактики и многу повеќе пари на разполагање. Тие сега можат да купат возила, оружје, храна и опрема. Исто така, технолошки се многу поподготвени во однос на минатото. Потешко е да им се спротиставиме. Значи, тие сега се како Ал Каеда на стероиди – смета Талабани.

Тој додаде дека се појавува нов вид на ИД, кој повеќе не сака да контролира било која територија, за да избегне да биде голема цел. Наместо тоа, како нивните претходници Ал Каеда, екстремистите сега работат тајно, на планините во Ирак.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот