Регистрирани седумдесет и два новозаболени од Ковид-19, притисок во болниците засега нема

коронавирус, скопје, ковид-19
Графит во Скопје, инспириран од ковид-пандемијата / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Повторно висок број на новозаболени лица со Ковид-19 е регистриран во текот на вчерашниот ден. Најголем дел од новите 72 случаи се бележат во Скопје – 20, во Куманово -14 и во Тетово – 10. Притисок во болниците и амбулантите засега нема.

И покрај тоа што е сега прилично мирно, министерот за здравство Венко Филипче завчера оцени дека е можно овој тренд на пораст да продолжи и понатаму, но вели дека будно ја пратат состојбата.

Во зависност од моменталната состојба, здравствените власти ќе разговараат и за евентуални рестриктивни мерки, прво насочени кон оние кои не се вакцинирани. Постои можност да се оди по примерот на некои други земји во делот на ограничување на влезот во затворени простории, поточно, да се бара задолжителна потврда за вакцинација.

Вкупно во земјава од почетокот на епидемијата се регистрирани 156.452 ковид-дијагностицирани лица, бројката на оздравени пациенти е 150.371, на починати е 5.493, а бројот на активни случаи изнесува 588.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот