Регистрирани нови 26 случаи на коронавирус во Косово

Во Косово значително е зголемен бројот на заразени лица од коронавирус. Во доцните часови, Институтот за Јавно Здравје во Косово, соопшти дека регистрирани се нови 26 случаи на лица заразени со коронавирусот, со што брјоката се искачи на 61.

Според Институтот, после направените 100 тестови на лицата кои биле во контакт со претходно заразените со КОВИД-19, 26 се позитивни на вирусот.

– Од 26 потврдени случаи сите се контакти од претходните заразени лица, семјество и блиски контакти, откриени преку активна епидемиолошка анализа. Од нив 14 се во општина Малишево, 11 од Гилане и еден од Ѓаковица-, се вели во соопштението на Институтот за Јавно Здравје. Во Косово во неделата беше регистриран и првиот смртен случај од КОВИД-19.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот