Регистрирани нови 1.189 случаи на коронавирус во Белгија

Вкупниот број смртни случаи се искачи на 828, од кои 123 само во последните 24 часа, соопштија властите.

Здравствените власти на Белгија соопштија дека во последните 24 часа се регистрирани нови 1.189 случаи на заразени со коронавирусот во земјата, јави дописничката на МИА од Брисел.

Вкупниот број потврдени случаи се зголеми на 13.964, од кои 58 отсто се на северот на земјата, 29 отсто на југот, а 11 отсто во Брисел и околината. Два отсто од случаите се лица со резиденција во странство.

Во последните 24 часа се хоспитализирани дополнителни 560 пациенти, додека пак 436 можеле да ја напуштат болницата. Вкупниот број смртни случаи се искачи на 828, од кои 123 само во последните 24 часа, соопштија властите.

Што се однесува до капацитетот на интензивната нега на белгиските болници, за сега е искористен 54 отсто, 67 лица се примени на интензивна нега вчера.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот