Регистрирани два нови случаи на Ковид-19 во гостиварско

Гостивар / Фото: МИА

Со последните тестирања за откривање новоинфицирани со коронавирусот во гостиварскиот регион има два нови случаja. Според информациите на меѓуопштинскиот кризен штаб за општините Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуше, на тестирањата позитивни на Ковид19 се едно лице од Гостивар и едно од Врапчиште.

До денеска вкупниот број активни случаи во гостиварскиот регион достигна 32. Во општина Гостивар активни се 15, во Врапчиште 13, во општина Маврово и Ростуше четири. Седум од заболените се лекуваат во болница, а 25 во домашни услови.

Од почетокот на пандемијата, во Гостиварско направени се 501 тестирање, а кај 54 лице имало позитивни резултати на Ковид-19. Од нив 27 се во Гостивар, 21 во Врапчиште и шест во Маврово и Ростуше. Како последица од инфицирање со коронавирусот починаа три лица во овој регион

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот