Регистрирани 83 нови случаи на ковид-19 во Македонија, починаа уште 11 лица, оздравеа 419 пациенти

Инфективна клиника /Фото: ЕPA

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 700 тестирања, а регистрирани се 83 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-44, Куманово-3, Дебар-2, Штип-5, Прилеп-6, Тетово-3, Велес-4, Битола-5, Кавадарци-1, Гостивар-1, Струмица-2, Крива Паланка-1, Делчево-1, Кратово-1, Ресен-1, Неготино-3.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 419 оздравени пациенти од: Скопје-149, Куманово-28, Штип-19, Прилеп-33,  Тетово-19, Велес-24, Битола-21, Охрид-1, Кавадарци-25, Гостивар-16, Гевгелија-5, Струмица-20, Крива Паланка-9, Радовиш-3, Кочани-5, Пехчево-2, Берово-6, Валандово-11, Виница-2, Кратово-2, Свети Николе-5, Кичево-1, Ресен-3 и Неготино-10.

Починати се 11 лица, двајца пациенти од Скопје (85 и 75г.), еден пациент од Велес (62г.), двајца од Битола (64 и 74г.), еден од Кавадарци (71г.),од Гостивар (85г.), од ПЕ Гевгелија/ Богданци (64г), пациент од Струмица (58г.), еден од Крива Паланка (61г.) и еден пациент од Радовиш (70г.). Пациентите се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 81804, бројката на оздравени пациенти е 59650, на починати е 2456, а бројот на активни случаи изнесува 19698. Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 35281, активни 11265
• Куманово 4667, активни 549
• Дебар 616, активни 129
• Штип 3267, активни 288
• Прилеп 4143, активни 609
• Тетово 4709, активни 878
• Струга 1996, активни 350
• Велес 2712, активни 497
• Битола 2986, активни 595
• Охрид 2363, активни 594
• Кавадарци 2052, активни 563
• Гостивар 3341, активни 579
• Гевгелија 1128, активни 293 (75 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 189 на Богданци и 12 се странски државјани)
• Струмица 2274, активни 631
• Крива Паланка 602, активни 112
• Радовиш 603, активни 117
• Крушево 161, активни 71
• Кочани 1577, активни 236
• Пробиштип 441, активни 45
• Демир Хисар 234, активни 40
• Македонски Брод 210, активни 25
• Пехчево 145, активни 23
• Берово 488, активни 45
• Валандово 302, активни 59
• Виница 442, активни 63
• Делчево 664, активни 200 (182 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 193, активни 22
• Свети Николе 1033, активни 108
• Кичево 1551, активни 245
• Ресен 635, активни 141
• Неготино 988, активни 326 (154 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот