Регистрирани 721 случај на заболени од ковид-19, 171 оздравени и седум починати во последното деноноќие

ковид-19 болниц
Фото: EPA-EFE/DIMI CHAROUSIS
Регистрирани се 721 нов случаj на КОВИД-19 во изминатите 24 часа од 3816 тестирања,  соопшти Министерството за здравство. Од нив, 334 се во Скопје, Прилеп – 56, Кавадарци – 52, Неготино – 34, Велес – 26, Охрид – 24, Битола – 23, Куманово –22, Тетово – 18, Струмица – 16, Гевгелија – 15, Крива Паланка – 14, Гостивар – 13, Струга – 10, Богданци – девет, Кичево и Делчево по осум, Крушево – седум, Штип – шест,  Кочани и Ресен по пет,  Свети Николе – три, Дебар, Пробиштип,  Виница, Валандово и Кратово по два случаја и по еден во Берово, Демир Хисар и Пехчево.
Пријавени се седум починати лица – двајца пациенти од Скопје (68 и 81 година) и по еден пациент од Тетово (49), Прилеп  (73), Струмица (76), Кочани (72) и Делчево (43). Сите се починати во болнички услови.
Регистрирани се и 171 оздравен пациент – Скопје – 71, Кавадарци – 20, Прилеп –18, Куманово – 14, Тетово – 12, Велес – шест, Кочани – пет, Гевгелија  и Битола – по четири, Штип, Струмица и Неготино  – по тројца, Гостивар и Кратово – по двајца оздравени и по еден во Ресен, Охрид, Делчево и Валандово.
Бројот на активни случаи во земјава е 8290, од кои во  Скопје се 3681. Трицифрен број активни имаат: Прилеп – 641, Кавадарци – 591, Охрид – 426, Тетово –  277, Велес –  270, Куманово – 264, Неготино – 214, Делчево  – 190, Битола – 187, Гевгелија –  183, Струга -182,  Струмица – 180,  Гостивар – 149 и Штип – 125.
Бројот на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата достигна 102 482 од 519 985 направени тестирања. Оздравени се  91 066, а починаа 3126 пациенти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот