Регистрирани 23 нови случаи на Ковид-19, почина пациент од Тетово

Денеска се потврдени 23 нови случаи на ковид 19 – вкупната бројка на дијагностицирани 1921, оздравени 9 пациенти, почина 1 лице.

Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 9 оздравени пациенти во: Скопје-3, Прилеп-1, Струга-1, Велес-3 и Кочани -1.

Во ГОБ „8 Септември“ утрово почина 47-годишен пациент од Тетово со хронични заболувања, примен вчера со симптоми на Ковид-19, а потврден позитивен денеска.

Во изминатите 24 часа направени се 702 тестирања, а регистрирани се 23 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-12, Куманово-4, Прилеп-2, Тетово-4, Неготино-1.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1921, бројката на оздравени пациенти е 1387, на починати е 112, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 422. Последната дистрибуција по градови е:
•    Скопје – 685, активни 178
•    Куманово – 423, активни 27
•    Дебар – 51, активни 0
•    Штип-38, активни 3
•    Прилеп –206, активни 56
•    Тетово – 165, активни 76
•    Струга – 71, активни 4
•    Велес – 127, активни 49
•    Битола –28, активни 9
•    Охрид –21, активни 6
•    Кавадарци – 5, активни 0
•    Гостивар –21, активни 4
•    Гевгелија – 4, активни 0
•    Струмица – 3, активни 1
•    Крива Паланка- 6, активни 1
•    Радовиш – 4, активни 0
•    Крушево – 3, активни 0
•    Кочани – 31, активни 0
•    Пробиштип – 2, активни 0
•    Кичево – 2, активни 0
•    Неготино -10, активни 3 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
•    Демир Хисар – 1, активни 0
•    Македонски Брод – 2, активни 0
•    Пехчево- 3, активни 1
•    Делчево-1, активни 0
•    Валандово -1, активни 0
•    Виница – 3, активни 1
•    Кратово-2, активни 1
•    Берово-1, активни 1
•    Свети Николе-1, активни 1

Прочитајте и...  Општина Дебар со апел до граѓаните строго да ги почитуваат препораките и правилата на однесување

Направените 702 теста се преку: ИЈЗ –408, Ветеринарен ф-тет -29, Авицена –38, Биотек -33, Филип Втори (Жан Митрев) –39, Систина со PCR метода  – 28 и МАНУ -127.  Досега во земјата се направени вкупно 24018 тестирања на ковид -19.

Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 365 теста се во рамките на скринингот. Направени се 136 тестирања преку ЦЈЗ Велес, 94 преку ЦЈЗ Кочани, 97 преку ЦЈЗ Скопје сите во градинки и 38 тестирања на вработени во геронтолошки установи во Скопје. Не се регистрирани позитивни случаи на ковид-19.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во изминативе 24 часа примени се 8 нови пациенти, хоспитализирани се вкупно 56 пациенти. Потешко болни и на кислородна поддршка се 32, крититчно болни и на механичка вентилација се 2 пациенти.

Прочитајте и...  Османи: Колективните мерки не дадоа резултат, личната свест е единствен начин да се заштитиме

Во ГОБ „8 Септември“ се примени 6 нови, а вкупно хоспитализирани 16 пациенти. На респиратор се 5, a со потешка клиничка слика се уште 6 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 8, на домашно лекување се следат уште 3 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 5 пациенти, нема пациенти кои се следат на домашно лекување. На инфективните одделенија во Тетово, Велес, Куманово, Прилеп и Охрид се хоспитализирани 44 пациенти, позитивни и сомнителни на ковид-19.

Прочитај повеќе

„Претседателе немојте да се криете“: Америка гори, Кина трие раце и порачува „Уживајте во глетката“

Слободен печат

Комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ: Македонија го доживува вториот пик

Слободен печат

Дневен преглед на состојбата со Ковид-19 во светот

Слободен печат

Овој човек е ноќна мора за „Твитер“ и „Фејсбук“: Трамп потпиша нов налог кој се заканува на доминацијата на технолошките гиганти

Слободен печат

Пленковиќ ги откри носителите на листи на ХДЗ на престојните избори

Во Србија се ближи крајот на епидемијата, паѓа бројот на новозаболени

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Шведскиот производител на камиони планира да скрати илјадници работни места

Слободен печат

Во Шпанија во последните 24 часа нема ниту еден починат од коронавирусот

Слободен печат

Белата куќа ја прозва Антифа и апелираше да се почитува редот и законот во земјата

МИА Агенција

Демократски сојуз: Само со железна дисциплина можеме да се заштитиме себеси и останатите

Слободен печат

„Анонимус” се активираа со мисија – разоткривање на злосторствата на полицијата

Слободен печат

Шилегов: „Големата сензација” на ДПМНЕ, затоа државата ни е на ова дереџе

Слободен печат