Регистриран случај на Ковид-19 кај наставничка во Тетово, уписот во училиште прекинат

Откако е утврден КОВИД-19 кај наставничка од основното училиште Истигбал во Тетово, 40 други нејзини колеги самоиницијативно потшишале изјави за самоизолација, па процесот за прием на првачиња е прекинат. Директорот Реџеп Алили по телефон изјави дека и тој е во самоизолација, а потенцира дека наставничката не работела на уписот на нови ученици.

– Пред два дена се дозна дека наша колешка е позитивна. Сите оние кои биле во физички контакт со наставникот самоволно се ставени во самоизолација. Јас утре имам термин да го направам КОВИД-19 тестот, а наредните денови и другите наставници треба да бидат тестирани. Колешката не е дел од процесот на упис на учениците, таа предава на вишите одделенија. Исто така според здравствените препораки, тоа се одвиваше во посебна просторија и го прави посебна комисија составена од педагогот, психологот и две наставнички од нижите одделенија. Постапено е по протоколите и за дезинфекција на просторот во и надвор од училиштето. Поради ова, уписот на првачињата во училиштето е во прекин и ќе продолжи после 15 јуни, изјави директорот Алили по телефон.

Раководителот на Секторот за јавни дејности на општина Тетово Ахмед Ќазими го потврди случајот, а рече дека се преземени сите заштитни мерки.

-Таму веднаш се преземени сите превентивни мерки. Наставничката кај која е потврдено присуство на коронавирусот е предметен наставник во повисоките одделенија и не била во никаков контакт ниту со комисијата која го врши уписот на првачињата, ниту со децата и нивните родители. И покрај ова, од превентивни мерки, наставниците со кои таа можела да биде во контакт се ставени во самоизолација, а уписот на првачињата е прекинат до 15 јуни, истакна Ќазими.

Тој информираше дека во останатите основни училишта уписот на првоодделенците се одвива без проблеми и дека се практикуваа сите протоколи со кои се предвува дезинфекција на лицата и носење заштитна опрема.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот