Регистриран првиот случај на сојот омикрон во Грција

Доктори во Грција/ Фото: EPA-EFE/DIMI CHAROUSIS

Грција го регистрираше својот прв случај на новиот сој на коронавирусот, омикрон, објави денеска министерот за здравство Танос Плеврис, пренесува Катимерини.

Инфекцијата е потврдена кај Грк кој живее во Јоханесбург и летал од Јужна Африка на Крит за празниците, рече Теоклис Заутис, шефот на Националната организација за јавно здравје (EODY), на заедничката прес-конференција со Плеврис, каде ги прецизираа новите мерки со кој се задолжува вакцинација за сите лица над 60 години.

Мажот, кој е целосно вакциниран, пристигнал на Крит на 26 ноември и направил брз антигенски тест на аеродромот кој бил негативен.

Вториот тест следниот ден, откако развил благи симптоми на ковид-19, повторно добил негативен резултат додека третиот на 29 ноември не ја потврди инфекцијата. Здравствените власти во четвртокот наутро потврдија дека станува збор за варијантата омикрон.

Заутис изјави дека мажот останува во карантин и дека неговите контакти биле негативни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот