Регистриран првиот случај на коронавирус во Бразил

Повторениот тест на еден маж исто така бил позитивен. Примероците се испратени и до специјализиран институт за конечна потврда.

Првиот веројатен случај на новиот коронавирус во Јужна Америка е регистриран во Бразил, јави весникот „Фоља ди Сао Паоло”.

Повторениот тест на еден маж исто така бил позитивен. Примероците се испратени и до специјализиран институт за конечна потврда.

Претходно, Министерството за здравство објави дека прелиминарниот тест е позитивен.

Станува збор за 61-годишен маж, кој од 9 до 21 февруари бил на деловен пат во северниот италијански регион Ломбардија, епицентарот на зараза во Европа. Тој вчера бил примен на клиника во градот Сао Паоло и властите испитуваат со кого бил во контакт.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот