Регистриран 31 случај на церебрална тромбоза: Берлин ја прекина употребата на вакцината на „АстраЗенека“ за лица до 60 години

Фото: EPA-EFE/JOE GIDDENS / POOL

Градските власти во Берлин ја прекинаа употребата на вакцината „АстраЗенека“ за сите лица на возраст до 60 години, повикувајќи се на нови податоци за сомневање за несакани ефекти, јави агенцијата ДПА.

Претходно денеска, институтот „Пол Ерлих“, медицинско регулаторно тело, соопшти дека е регистриран 31 случај на церебрална тромбоза за кои се сомневаат дека се случиле по аплицирање на вакцината „АстраЗенека“.

Девет од тие случаи резултирале со смрт на пациентите, соопшти институтот. Сите освен две се појавиле кај жени на возраст од 20 до 63 години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот