Регионот под удар на вториот ковид бран: Хрватска пријави 1.413 случаи за едно деноноќие, Словенија – 1.499

Фото: EPA-EFE/IGOR KUPLJENIK

Хрватска и Словенија бележат рекордни бројки за заразени лица со ковид-19 на дневно ниво. Хрватскиот национален штаб за цивилна заштита соопшти дека во последните 24 часа во земјата се регистрирани 1.413 позитивни наоди, па бројот на активни случаи во земјата достигна 11.311. На болничко лекување се наоѓаат 897 пациенти од кои 57 се приклучени на респиратор.

Од 25 февруари оваа година кога беше евидентиран првиот случај на ковид-19 во Хрватска, досега се инфицирани вкупно 38.621 лице од кои 470 починаа, а 26.840 оздравеа од кои 1.003 во изминатото деноноќие. Во самоизолација се 27.720 лица.

Словенија, пак, за изминатите 24 часа пријави 1.499 позитивни лица,  а како последица на вирусот починаа пет пациенти. Словенечката влада објави дека бројот на дневно регистрирани пациенти е дуплиран за една недела.

Со најновите случаи, вкупниот број на заболени со ковид-19 во Словенија од почетокот на пандемијата изнесува 25.579 лица од кои 256 починаа. Националната двонеделна инциденца на 100.000 жители моментно е 780.

Во болниците во моментот се сместени 560 пациенти со ковид-19 од кои 86 на одделенијата за интензивна нега, потврди денеска словенечкото Министерство за здравство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот