Регионот на Зајас денеска ќе биде без вода поради дефект на водоводна цевка

Без вода/ Фото: Архива на „Слободен печат“

Поголемиот дел на регионот на Зајас кај Кичево од утрово ќе биде без вода за пиење поради отстранување дефект на главната водоводна цевка кој се очекува да биде саниран до 15 часот.

Поради тоа, ЈКП „Комуналец” од Кичево ги известува корисниците на вода за пиење во регионот на Зајас, односно селата Зајаc Теќе, Зајас Џума, Колибари и Бачишта, дека денеска  ќе има прекин на водата за пиење поради дефект на главната цевка кај изворот на вода во Зајаc, кај месноста „Дарда”, која носи вода за пиење во овој регион.

Прекинот се очекува да трае до 15 часот, а од комуналното претпријатие бараат разбирање од граѓаните во овој регион.

-Се надеваме дека дотогаш ќе можеме да го поправамe дефектот, затоа што теренот е премногу непристапен и несоодветен за работа. Нашите екипи од раните утрински часови денеска се на терен, објаснија од  ЈКП „Комуналец” од Кичево.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот