Регионалниот директор на СЗО загрижен поради можно ширење на мајмунски сипаници

Ханс Клуге, директорот на СЗО за Европа / Фото Архива на Слободен печат

Регионалниот директор на Светската здравствена организација за Европа, Ханс Клуге денеска изјави дека е загрижен оти ширењето на мајмунските сипаници може да се забрза во регионот бидејќи луѓето се собираат на забави и фестивали во текот на летните месеци.

„Додека влегуваме во летната сезона во европскиот регион, со масовни собири, фестивали и забави, загрижен сум дека преносот може да се забрза бидејќи моментално се откриваат случаи меѓу сексуално активните луѓе и симптомите се непознати за многумина“, рече Клуге.

„Хигиената на рацете и респираторната хигиена, заедно со личната заштитна опрема и соодветната изолација на сомнителните и потврдени случаи се исто така клучни за намалување на преносот во здравствените установи – мерките што сите ги следевме за ковид-19“, нагласи регионалниот директор на СЗО за Европа.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот