Регионалниот бизнис-регистар за Западен Балкан пуштен во онлајн-употреба

ЕБОР и Велика Британија овозможија поддршка во креирање на новиот онлајн-бизнис регистар за Западен Балкан, кој ќе им обезбеди на инвеститорите трансапарентни и леснопристапни информации за локалните компании.

Порталот на бизнис-регистри за Западен Балкан под назив Размена на деловни и финансиски податоци (РДФП), е креиран од Српската агенција за деловни регистри  и Централниот Регистар на Северна Македонија, бидејќи Србија и Северна Македонија се првите земји од регионот кои се приклучија на оваа иницијатива. Порталот ќе служи како место за информирање на бизнисмените и инвеститорите, обезбедувајќи пристап до ажурирани информации од националните агенции за бизнис-регистри, сите достапни од едно место.

Базата на податоци вклучува над 500.000 компании и пружа информации за сопственикот на компанијата, нејзиното управување, финансиските извештаи, измените во организацијата и слично. На овој начин, на сите заинтересираните страни ќе им се овозможи да пребаруваат информации за активните компании во определен сектор, географска локација или други критериуми.

Креирањето на порталот е резултат на поддршката од Иницијативата на ЕБОР за инвестициска клима и владеење, која се стреми да го подобри деловното опкружување на Западен Балкан и другите региони, каде што Банката има свои активности.

Подобрувањето на пристапот до ажурираните веродостојни информации и транспарентноста ќе поттикнат поголема доверба на трговските пазари.

ЕБОР го поддржува развојот на порталот за Регионален бизнис регистар на Западен Балкан и продолжува да ја поддржува иницијативата во партнерство со Фондот за добро владеење на Владата на Велика Британија, кој доделува дополнителни 700,000 евра во натамошното проширување на проектот, поттикнувајќи ја интеграцијата на останатите бизнис-регистри на земјите од регионот.

Жужана Харгитаи, Регионален директор за Западен Балкан, директор за Србија, ЕБОР изјави: ,,Задоволство е што проектот има регионална димензија и работиме кон вклучување на другите регионални бизнис-регистри, согласно нивната подготвеност за инкорпорирање на податоците. Оваа иницијатива е во иста насока со агендата на поврзаност на земјите од Западен Балкан, на која посветено работиме со нашите партнери.”

Милан Лучиќ, директорот на Агенцијата за бизнис регистри на Србија истакна: ,,Во изминативе две години Агенцијата за бизнис регистри на Србија и Централниот регистар на Република Северна Македонија создадоа заеднички портал, заснован на единствена методологија, која ќе им овозможи на бизнисмените од регионот, но и на странските инвеститори, пристап до вредни деловни информации, со дополнителна вредност, и надминување на квалитетот достапен кај постоечките услуги од овој вид.”

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот