Регионални вакцинални пунктови ќе се формираат во Струмица, Прилеп и Велес

Вакцинација Македонија Борис Трајковски
Вакцинација. / EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Владата ја разгледа и усвои информацијата за формирање регионални центри за ковид-19 вакцинација во Струмица, Прилеп и Велес и го задолжи Министерството за здравство во соработка со тие општини да го координира спроведувањето на неопходните активности за формирање на регионални вакцинални пунктови за масовна вакцинација во овие градови.

Со оваа одлука, како што соопшти владината прес-служба, Владата им препорачува на општините Струмица, Прилеп и Велес да учествуваат во уредување на вакциналните пунктови во соодветни спортски сали.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот