Регион: Eве каде минималецот е најмал – Слободен печат
ВестиЕкономија

Регион: Eве каде минималецот е најмал

Некогашните југословенски републики кои добија членство во Европската унија, како што се Хрватска и Словенија, имаат значително поголеми минимални плати.

Најниска минимална плата меѓу земјите во регионот земаат вработените во нашата земја, само 203 евра.

Според последните достапни податоци, минималецот во Босна и Херцеговина е 208 евра, во Албанија е 211 евра, a во Црна Гора неодамна е зголемена на 222 евра.

Во Србија, најниската плата во овој момент изнесува околу 230 евра, но за следната година се очекува зголемување за 11 отсто, па така од први јануари ќе порасне на 255 евра.

Некогашните југословенски републики кои добија членство во Европската унија, како што се Хрватска и Словенија, имаат значително поголеми минимални плати.

Хрватските работници можат да заработат најмалку 405 евра месечно, додека во Словенија минималната плата значително ја надминува просечната плата во повеќето земји во регионот со тоа што изнесува 667 евра.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close