Референдумот успешен, Швајцарија ги легализира истополовите бракови

Парада на гордоста во Женева / 11 септември 2021, Женева, Швајцарија / Фото: EPA-EFE/SALVATORE DI NOLFI
Швајцарците на вчерашниот референдум ги легализираа истополовите бракови и им дадоа право на хомосексуалните сопружници да посвојуваат деца, пренесува Ес-Би-Ес.

За легализацијата гласале речиси две третини од Швајцарија, која стана една од последните земји во западниот дел на Европа која ги одобри хомосексуалните бракови.

Според податоците објавени од федералната влада, 64,1 отсто од граѓаните гласале за истополови бракови.

Организацијата „Амнести интернешнал” соопшти дека со ова гласање е направен голем чекор во рамноправноста.

Ова, исто така, ќе значи дека на странските сопружници ќе им биде полесно да добијат швајцарско државјанство.

Швајцарската министерка за правда Карин Келер-Зутер истакна дека законот ќе стапи во сила на 1 јули 2022 година.

Оваа земја им се приклучува на повеќето западноевропски земји, кои веќе ги имаат признаено истополовите бракови, додека повеќето во Централна и Источна Европа не дозволуваат брак помеѓу двајца мажи или две жени.  

Држави во Европа каде истополовиот брак е легален:

*земји каде и други партнерства се легални
**земји каде се уште не започнало спроведувањето на склучување истополови бракови

1. Австрија (од 2019 година)
2. Белгија (од 2004 година)
3. Данска (од 2012 година)
4. Финска (од 2017 година)
5. Франција (од 2013 година)
6. Германија (од 2017 година)
7. Исланд (од 2010 година)
8. Ирска (од 2015 година)
9. Луксембург (од 2015 година)
10. Малта* (од 2017 година)
11. Холандија (од 2001 година)
12. Норвешка (од 2009 година)
13. Португалија* (од 2010 година)
14. Шпанија* (од 2005 година)
15. Шведска (од 2009 година)
16. Велика Британија (од 2020 година)
17. Швајцарија** (ќе започе од 2022 година)

Држави во Европа каде се признати истополови заедници:

1. Хрватска (од 2014 година)
2. Словенија (од 2006 година)
3. Црна Гора (од 2021 година)
4. Кипар (од 2015 година)
5. Грција (од 2015 година)
6. Германија (од 2017 година)
7. Унгарија (од 2009 година)
8. Италија (од 2016 година)
9. Лихтенштајн (од 2011 година)
10. Монако (од 2020 година)
11. Чешка (од 2006 година)
12. Андора (од 2005 година)

Држави во Европа каде истополовиот брак е не е признат:

*делумно призната држава

1. Северна Македонија
2. Албанија
3. Босна и Херцеговина
4. Романија
5. Турција
6. Казахстан
7. Азербеџан
8. Косово*
9. Ватикан

Држави во Европа каде истополовиот брак е забранет со устав:

** признати други граѓански партнерства

1. Ерменија (од 2015 година)
2. Белорусија (од 1994 година)
3. Бугарија (од 1991 година)
4. Хрватска** (од 2013 година)
5. Грузија (од 2018 година)
6. Латвија (од 2006 година)
7. Унгарија** (од 2009 година)
8. Литванија (од 1992 година)
9. Молдавија (од 1994 година)
10. Црна Гора** (од 2007 година)
11. Русија (од 2020 година)
12. Србија (од 2006 година)
11. Словачка (од 2014 година)
12. Украина (од 1996 година)

Швајцарија на референдум одлучува за истополовите бракови

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот