Референдум во Швајцарија: 62% од гласачите прифатија воведување ковид потврди

EPA-EFE/ANSA/MASSIMO PERCOSSI

 

На вчерашното гласање Швајцарците го поддржаа новиот закон, според кој го подржуваат воведувањето на здравствена ковид пропусница.

Според првите проекции, за законот гласале 63 отсто од граѓаните, со маргина на грешка од три процентни поени.

Не е изненадување што противниците за воведување на ковид здравствените пропусници, кои беа и иницијатори за вчерашниот референдум загубија, бидејќи предреферендумските анкети постојано ги фаворизираа приврзаниците за донесување на законот

Само популистичката десничарска политичка партија УДЦ, главната политичка партија во земјата, повика на гласање против законот.

Гласањето за т.н Законот за Ковид-19, кој покрај воведувањето здравствени пропусници, исто така, ослободува милијарди швајцарски франци како помош за вработените и компаниите погодени од пандемијата, беше донесен во време кога Швајцарија, како и многу други земји во Европа, се соочуваат со голем скок кај новозаразениот коронавирус.

Исто така во време кога се појави нов вид на коронарниот вирус „Омикрон“, кој Светската здравствена организација го означи како загрижувачки и кој го врати светот во состојба на готовност. Швајцарската влада, за разлика од другите во Европа, не одговори на новите ограничувања.

Аналитичарите оценија дека власта не сака да поттикне дополнително противење на нејзината антиковид политика пред денешниот тест на референдумот и дека владата може да ги зајакне антиковид мерките доколку Швајцарците го поддржат законот.

 EPA-EFE/LAURENT GILLIERON

Кампањата пред референдумот беше обележана со бројни демонстрации, понекогаш со насилство, но далеку од сцените на немири видени во Холандија и Француските Антили. Сепак, зголемените тензии во Швајцарија, земја позната по својата култура на дијалог и компромис и каде референдумите се одржуваат неколку пати годишно во мирна атмосфера, имаше „ефект на електрошок“.

Во знак на невообичаени тензии во Швајцарија, полицијата подигна ограда пред седиштето на владата и парламентот во Берн во пресрет на демонстрациите во текот на денот.

Швајцарските власти во вторникот предупредија на растечкиот „петти бран“ на инфекција со коронавирус во земјата, каде стапките на вакцинација се приближно слични на оние на соседите на Австрија и Германија, при што се вакцинирани околу две третини од населението. Стапките на нови инфекции значително скокнаа во Швајцарија во последните недели.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот