Реџепи за укинување на апанажата: Се омаловажува институцијата пратеник

Скендер Реџепи
Скендер Реџепи / Фото: Слободен печат- Драган Митрески

Пратениците неволно зборуваат дали и како гласале за предлогот на Левица да се укине апанажата, кој вчера не помина во Собранието и доби минимална поддршка од само 16 народни избраници. Само пратеникот од владејачката Алтернатива, Скендер Реџепи ни потврди дека не гласале за предлогот.

-За мене лично е сеедно дали ќе има апанажа или не, но секако ми пречи популизмот на предлагачот и омаловажувањето на институцијата пратеник од нивна страна. Институцијата пратеник е волја на граѓаните донесена на избори, и е одговорност кон државните политики, развој и безбедност како и благосостојбата на граѓаните, и секоја изедначеност на таа институција со општите работни места (со сета почит кон сите други работни места) е навреда за институцијата пратеник и одговорноста која следи согласно уставот на РСМ – вели Реџепи.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот