Реџепи од Алтернатива: Не дозволувам мојот потпис да остане со оној што го валка албанскиот јазик и идентитет

Скендер Реџепи од Алетрнатива/ Фото: МИА

Пратеникот Скендер Реџепи од редовите на Алтернатива во изјава за Алсат ја потврди веста на „Слободен печат“ дека е за рушење на оваа власт, но не по секоја цена.

„Сите пратеници беа убедени дека Левица не потпиша и во духот на ова се договоривме да потпишеме. И ставот на Алтернативата е ист. Не дозволувам мојот потпис да остане со оној што го валка албанскиот јазик и идентитет. Не го добивме мандатот да им служиме на антиалбанските каузи“, изјави Реџепи.

Како што претходно објави „Слободен печат“ пратеникот од Алтернатива, Скендер Реџепи, останува на позицијата за рушење на Владата во која е ДУИ, но тој имал забелешки за вклучувањето на партијата Левица во „фронтот“ за рушење на Владата.

„Пратеникот Реџепи има забелешки за вклучувањето на партијата Левица во коалицијата за рушење на оваа хибридна власт на СДСМ и ДУИ. Сметаме дека има алтернатива и решение и за ова прашање“, изјавија извори од Алтернатива за „Слободен печат“.

Скендер Реџепи останува во антивладиниот фронт, но е против Левица

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот