Реџепи го прифатил предизвикот на ВМРО-ДПМНЕ, Владата сепак паѓа?

Пратеникот на Алтернатива, Скендер Реџепи, го прифаќа предизвикот кој денеска му го предложи координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието, Никола Мицевски, објави ТВ21.

Како што дознава телевизијата, во седиштето на Алтернатива попладнево се разговара за поканата на координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и оттаму произлегува како можна опција уривањето на владата. Реџепи претходно изјави дека бил „прелажан“ да се потпише на иницијативата за ново парламентарно мнозинство во која се вклучени и пратениците на Левица. Тој дури рече и дека ќе ја напушти партијата и ќе го врати пратеничкиот мандат, пред да гласа за недоверба на владата заедно со Левица, која според него е антиевропска, анти-НАТО и антиалбанска партија.

Денеска, сепак, играта ја смени ВМРО-ДПМНЕ, која на Реџепи му понуди самиот да поднесе нова иницијатива за рушење на владата на СДСМ-ДУИ, заедно со 19 потписи од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.

„Колега Скендер Реџепи, да го сочуваме достоинството на пратениците и затоа Ве повикувам заедно да ставиме крај на газењето на пратениците од страна на хибридниот режим и согласно член 92 од Уставот, изберете 19 пратеници од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ кои заедно со вас ќе поднесат нова иницијатива до Собранието за гласање на недоверба на владата на хибридниот режим СДСМ-ДУИ“, напиша Мицевски на Фејсбук.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот