Редуцирани автобуси, зголемена гужва: Граѓаните како сардини се возат во услови на коронавирус (ФОТО+ВИДЕО)

Илустративна фотографија/Архива на СП

Откако Владата донесе одлука да ги затвори градинките и училиштата, ЈСП Скопје одлучи да ги редуцира автобусите на сите линии, со што воведе саботен возен ред. Со тоа се создаде хаос на автобуските постојки, но и во самите автобуси.

Доказ за тоа се фотографиите и видеата кои засегнати граѓани деновиве ги споделуваат на социјалните мрежи, во обид да издејствуваат промена на одлуката на ЈСП.

Дел од коментарите се однесуваат на несовесните граѓаните кои во време на епидемија користат јавен превоз, но реплицираат граѓани кои превозот го користат бидејќи немаат друг начин да стигнат на работните места.

„Не плукајте по луѓето, не се тие виновни! Виновни се газдите кои се уште сакаат да работат, а не се свесни дека со тоа на уште поголем ризик си ја ставаат фирмата и бизнисот. Еден да се заболи од Ковид 19 и да оди на работа, цела фирма ПРИНУДНО ќе му ја затворат заради самоизолација, 2-4 недели. Така да тоа е, сметки мора да се плаќаат, кирии, деца да се прехранат. Никој свесно не сака да се става во ризик“ е еден од коментарите кои го забележавме.

Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, на денешната прес конференција во Влада, рече дека во моментов согласно препораките во сила е само препораката за сериозно намалување на бројот на патниците во меѓуградскиот превоз.

„Согласно препораките на Кризниот штаб, Министерството за здравство и Владата доколку се смета дека е неопходно да се забрани транспортот на луѓе меѓу градови и села и таа мерка дополнително ќе биде донесена“, рече Сугарески.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот