Редовното консумирање на оваа намирница може да го намали ризикот од срцеви проблеми

Фото: Профимедиа

Љубителите на сирење имаат 38 отсто помали шанси да заболат од срцева инсуфиенција отколку оние што го избегнуваат. Кај нив високиот крвен притисок е за една третина понизок, додека ризикот од дијабетес тип 2 е повеќе од преполовен.

Експертите велат дека, иако маснотиите во сирењето може да бидат лоши за нас, калциумот во него може да ја намали нивната апсорпција и да помогне во контролата на холестеролот.

Млечните протеини како казеинот можат да го намалат штетното отекување на артериите. Експертите од Медицинскиот факултет во Пекинг во Кина ги проучувале податоците од 450.000 возрасни Британци. Тие откриле дека ризикот од срцеви болести е за 35 отсто помал кај луѓето кои редовно јадат сирење во споредба со оние што не јадат.

Професорот Јуе-Џин Јанг рекол: „Спротивно на популарното верување, внесот на сирење всушност може да го намали ризикот од дијабетес тип 2, срцеви болести, коронарни болести на срцето, хипертензија и мозочен удар“.

Како полномасен млечен производ, сирењето може интуитивно да се поврзе со високи ризици од срцеви болести поради високата содржина на заситени масни киселини и неговото влијание врз холестеролот во крвта. Сепак, неодамнешните студии покажаа дека тоа можеби не е точно.

Британската фондација за срце, исто така, вели дека е мит дека луѓето со срцеви проблеми треба целосно да избегнуваат сирење, но предупредува на прекумерно консумирање.

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот