Редовно се делат пакети со храна и средства за хигиена за ранливите категории граѓани во Куманово

Продолжува дезинфекцијата на јавните површини и станбените објекти во Куманово, информираа денеска од општинскиот кризен штаб. Во тек е и редовното делење на пакети  со храна, средства за хигиена и дезинфекциски средства за ранливите категории граѓани.

Редарската служба, велат од штабот, се наоѓаат пред објекти и дели бесплатни маски за граѓаните низ градот, а во делењето на маските се вклучени и инкасатори од ЈП „Чистота и Зеленило”.

– Општинскиот штаб за заштина и спасување од моментот на периодот на самоизолација на дел од членовите, непрекинато, во континуитет одржува редовни состаноци на штабот преку видео конференциска врска помеѓу сите членови. Состаноците заради комуникацијата и координацијата, непречено функционираат и сите заклучоци и предлог мерки се операционализирааат на институцинални и оперативни нивоа преку сите субјекти во системот, се вели во соопштението на штабот.

Оттаму посочуваат дека секој субјект дејствува согласно заклучоците на ОШЗС, притоа  почитувајќи ги препораките и мерките на Владата на Република Северна Македонија.

– Таквиот начин на функционирање на штабот ќе остане до моментот на физичкото врќање и повторно извршување на секојдневните работни обврски на секој од членовите, додаваат од штабот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот