Редовна седница на Владата, повеќе точки на дневен ред

Собраниска седница/Фото: Архива на Слободен печат

Владата напладне ќе одржи редовна седница на чиј дневен ред се повеќе точки.

Владината прес-служба соопшти дека ќе бидат разгледани измените на Програмата за финансиска поддршка во земјоделството и на Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2021 година. Од страна на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство доставена е и Програмата за капитални субвенции за развој на плански региони во областа на земјоделството и руралниот развој за 2021 година.

Министрите ќе го разгледаат и Предлогот за поведување на постапка за водење на преговори за склучување договор за заемно признавање на професионални квалификации на доктори по медицина, доктори по стоматологија и архитекти во контекст на договорот за слободна трговија на Централна Европа.

На дневен ред на седницата е и Предлог-програмата за одржлив локален развој и децентрализација за период 2021-2026 година, предложена од Министерството за локална самоуправа.

Седницата ќе се одржи преку видео конференциска врска, а за одлуките, како што велат од владината прес-служба, јавноста ќе биде информирана преку соопштение.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот