Редок камен со необична сличност со „Cookie Monster“ со вредност од 10.000 долари

Instagram

Геолошкото откритие може да вреди околу 10.000 американски долари, откако се покажа дека внатрешноста на парче вулканска карпа изгледа како „Cookie Master“ од Улицата Сезам.

Ретко може да се најде толку добро дефиниран камен“, рече геологот Мајк Бауерс, сопственик на реткото откритие.

Боуерс за „Сан“ изјавил дека видел и други камења кои изгледат како саканиот лик од „Sesame Street“, но овој дефинитивно најмногу личи на „Cookie Monster“.

Instagram
Instagram

„Cookie Monster“ е лик од култната телевизиска емисија „Sesame Street“ познат по неговиот голем апетит и познатата фраза за јадење „Јас сакам колаче!“, „Јас јадам колаче!“  или едноставно безвременското „Ом ном ном ном“.

Instagram
Instagram

Боуерс вели дека овој агат – вид кварц е пронајден во древни шуплини од лава бил пронајден во бразилскиот регион Рио Гранде до Сул за време на негово патување во ноември минатата година.

Откако објави фотографии од своето откритие на својот фејсбук-профил, Боунерс веќе доби неколку понуди за реткиот камен, од кои некои се во износ од околу 10.000 американски долари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот