Редици за билети за историскиот меч Македонија – Косово (ФОТО)

Едно лице може да купи еден билет со приложување на документ за идентификација (важечка лична карта или патна исправа). Секој билет ќе биде персонализиран.

Уште на првиот ден откако Фудбалската федерација на Македонија официјално објави дека се пуштени во продажба влезниците, се покажува големиот интерес за натпреварот Македонија-Косово.

Потсетување дека нашата најдобра селекција на 26. март на Националната арена „Тодор Проески“ – Скопје ќе го игра полуфиналниот меч против Косово за пласман на Европското првенство 2020 година.

Редици пред билетарата на Националната арена „Тодор Проески“ / Фото: Слободен печат

Пет дена подоцна на 31 март доколку секако триумфираат избраниците на селекторот Игор Ангеловски, ќе го играат финалето на гостински терен кај Грузија или Белорусија.

Како што информираше ФФМ, влезниците за натпреварот се пуштени денеска во продажба преку продажната мрежа на MKTickets и следните избрани места:

– Билетара на Национална арена „Тодор Проески“ (секој ден од 10:00 до 18:00 часот)

– T.A. Глобус – Охрид

– T.A. Бран – Прилеп

– Кафе бар „Концепт“ – Струмица

– Симбол Кафе – Штип

– Литература – Битола

– Киоск Корзо – Неготино

– Уни сон – Велес

– Тобако Лени + – Гевгелија

– Либеро Травел – Кочани

Едно лице може да купи еден билет со приложување на документ за идентификација (важечка лична карта или патна исправа). Секој билет ќе биде персонализиран.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот