Редици пред фризерските салони во Словенија заради нивното повторно отворање по речиси два месеци

Фото: Миа.мк

По речиси два месеца во Словенија од утрово повторно се отворени фризерските и козметичарските салони, јави дописникот на МИА од Љубљана.

Пред фризерските салони во главниот град можат да се забележат луѓе кои чекаат, бидејќи поради коронавирусот овие објекти сега можат да работат само под строги безбедносни услови.

Така на пример за да се дојде на фризер неопходно е претходно телефонски да се закаже термин, а во објектот не смее да се влезе доколку се уште некој има внатре. Фризерите задолжително мораат да носат визир, заштитна маска и ракавици.

– Од сабајле не престануваат да звонат телефоните. Многу луѓе се јавуваат и нема да можеме сите уште денес да ги услужиме. Мораме да носиме многу заштитна опрема, но ќе се навикнеме, изјави сопственичка на фризерски салон во центарот на Љубљана за државната телевизија.

Од утрово повторно можат да работат и терасите на угостителските објекти, односно рестораните и кафулињата, но и за нив важат строги правила. Според нив меѓу масите треба да има раздалечување од најмалку метро и пол. Гостите нема да смеат да се самопослужуваат, односно да земаат храна од заеднички садови, како оние за салати или пак леб.

Угостителите се должни да обезбедат дезинфициран прибор за јадење и тој треба да биде однесен до масата на гостите спакуван, односно на начин со кој ќе се избегне контаминација. Некои препораки се тој да биде и спакуван.

Доколку некој гостин има потреба да влезе внатре во објектот и да оди во тоалет, ќе мора да употребува заштитна маска. Сопствениците, пак, ќе мораа да ги дезинфицираат тоалетите најмалку една секој час.

Мерката на една маса да седат само членови на исто домаќинство ќе важи се додека е на сила забраната за собирање на јавни површини.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот