Редици пред фабрика за производство на заштитни маски во Кина (ВИДЕО)

Засега е познато само дека вирусот се пренесува од човек на човек, но медицинските експерти се уште испитуваат на кој начин се пренесува.

Огромен број на луѓе во градот Џиуџианг во провинцијата Џангси, која се наоѓа на само 230 километри од централното упориште на коронавирусот, Вухан чекаат ред за да купат заштитни маски.

Иако експертите се уште немаат одговор дали заштитните маски можат да го спречат коронавирусот, сепак, голем број Кинези, веројатно во паника брзаат да купат заштитни маски за лицето.

Откако се појави, коронавирусот брзо се прошири ширум светот. Според официјалните податоци, заразени се повеќе од 1.300 луѓе, но според голем дел од експертите оваа бројка е многу поголема бидејќи дел од заразените немаат никакви симптоми.

Засега е познато само дека вирусот се пренесува од човек на човек, но медицинските експерти се уште испитуваат на кој начин се пренесува.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот