Редици за вакцинација во Бугарија, моловите се празни поради условите за влез со сертификати

Софија, Бугарија, илустрација / Фото: Архива на Слободен печат

Во Бугарија веќе два дена трае активна вакцинација, откако властите одлучија да воведат „зелен сертификат” за влез на јавни места.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, само во Военомедицинската академија за три часа се вакцинирале 214 лица. Од нив, 183 биле со прва доза, а 18 со третата. Центарот за вакцинација ќе работи прекувремено и утре од 09:00 до 12:00 часот.

Промената на работното време се должи на зголемениот интерес на граѓаните да се имуниузираат против Ковид-19.

Според податоците, во последните денови забележани се три пати повеќе заинтересирани граѓани за вакцинирање. Имунизацијата се спроведува со вакцините на Модерна, Фајзер/БиоНТек и Јансен.

Моловите во Софија се празни поради новите услови за влез со сертификати. Поставени се шатори во близина на барови и ресторани во Софија, каде што се прават антиген тестови за оние кои чекаат во ред да влезат. Рестораните пријавуваат сериозен пад на посетители поради воведувањето на зелениот сертификат.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот