Реџи Милер беше единствениот што го нервираше „Црниот Исус“: Можеби би го удрил (ВИДЕО)

twitter/Chicago Sun-Times

Поранешниот кошаркар на Индијана пејсерс вели дека неволно се согласил да биде дел од документарниот филм за Мајкл Џордан каде се потсети за големото ривалство со ѕвездата на Чикаго.

Мајкл Џордан имаше само двајца ривали кои ги мрази, предводникот на Детроит пистонс Ајзеа Томас, и Реџи Милер против кого „летечкиот“ на секој натпревар беше на ивица на физичка пресметка.

Одличниот шутер на Индијана открива дека не сакал да учествува во „Последниот танц“, но на крајот се согласил да биде дел од проектот кој ги возбуди фановите во САД.

Се обидував да прекинам и да се откажам, едноставно не сакав тоа да го правам. Можеби би го удрил, не сте свесни колкава нетрпеливост имаше помеѓу нас – изјави во шега, Реџи Милер во „The Dan Patrick Show“.

За да се раскаже целата приказна за Џордан и Реџи Милер не се доволни само цитатите од сè уште необјавените епизоди од „Последниот танц“ во кои „летечкиот Мајкл“ објаснува како тој мршав шутер со долги раце успеа да го направи тоа што не му успеа на ниту еден друг – да му „влезе“ во главата.

Ривалството помеѓу Милер и Џордан, најдобро може да се опише со зборовите на поранешниот играч на ЛА лејкерс, Бајрон Скот.

Чикаго ни гостуваше и кога автобусот пристигна на паркингот ние измегувавме од салата, по што Мајкл ми пријде и ми рече: Како си Би-Скот? Слушам дека нема да играш денеска? Кој ќе ме чува? – се потсетува на случката Скот кој притоа му одговорил дека таа задача ќе ја има младиот Ентони Пилер.

– Ох, 50 – бил одговорот на Џордан.
Скот веднаш му пришол на Пилер за да му даде неколку совети.

– Види, Мајкл најверојатно вечерва ќе тргне на 50 поени. Биди само „кул“ и немој да го нервираш –
бил советот на Скот.

– На крајот Мајкл даде 54 поени –
поентира Скот кој откри дека во тие времиња постоеше непишано правило помеѓу ривалите на Џордан, „што и да правиш, немој да го нервираш или иритираш Мајкл“.

– Обожував да го чувам Мајкл, но никогаш не го прозивав, нервирав или иритирав. Кога ќе постигнеше поени му велев „Добар шут, Мајк“.

Сепак, ова правило не важеше за Реџи Милер кој во НБА пристигна 1987 година и како 11. пик на драфтот беше избран од Индијана. Анимозитетот помеѓу двајцата кошаркари почна уште во предсезоната, кога дебитантот Милер беше навлечен од искусниот Чак Персон.

Чак ми пријде и почна да ми зборува:Дали го виде овој Мајкл Џордан? Велат дека оди по вода? Брату, го растураш. Почни малку да го провоцираш… – се потсети Милер во „The Jimmy Kimmel show“.

– Јас му пријдов и му велам: Мајкл, мислиш дека ни нешто….
– Само ме погледна и ми кимна со главата. На полувреме јас имам 10 поени, а тој четири. На крајот од натпреварот, јас имав 12 поени, а Мајкл 44 поени. Ме уништи во второто полувреме со 40:2. А, додека си заминуваше по натпреварот ми рече: Обиди се во иднина да не зборуваш така со „Црниот Исус“.

Сепак, тој натпревар го разбуди натпреварувачкиот дух во Реџи Милер кој подоцна стана еден од најдобрите шутери во историјата на НБА лигата, а прерасна и во одличен дефанзивец и беше еден од малкутемината кои не  му дозволуваа на Џордан да доминира над нив.

Тој постојано ги држи рацете на вашето тело – ззборуваше Џордан за дуелите со Реџи Милер.

– Ме иритира тоа – изјави Џордан за одбраната на Милер над него во 1993 година кога за малку ќе дојдеше до тепачка помеѓу нив двајца.

– Навистина не мразев никого во НБА, но дуелите со Реџи Милерме излудуваа. Неговата игра се базираше на „флопинг“, имаше само 85 килограми и моравте да бидете внимателни со него, не смеевте да ги пипнете. Во нападот ги користев моите 98 килограми и лесно ми беше да го оттурнувам, но неговите раце постојано беа на мене. Ме излудуваше тоа – зборува Џордан во „Последниот танц“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот