ФОТО: Реџепи зборува за повредата на неговиот син: За нас несомнено е дека станува збор за нарачано дело

Поранешниот претседател на Исламската верска заедница на Македонија (ИВЗ), Сулејман Реџепи, во изјава за Лајм зборуваше за престрелката што се случи вчера во населбата Ѓорче Петров во Скопје, на која беше повреден неговиот син Зеглул Реџепи, инспектор во МВР, пренесува Слободен Печат.

Реџепи вели дека неговиот син бил повреден додека бил на должност, но за среќа се здобил со лесна повреда на ногата.

– Автомобил без регистарски ознаки го следел син ми. Бидејќи е вработен по професија во МВР, го забележал и застанал културно да го праша зошто го следи, но тој се свртел кон него и испукал три куршуми.

Фото: Илинка Иљоска

Еден куршум се вратил откако удрил во автомобилот и полесно ја повредил ногата. Синот денес ја напушти болницата и се врати дома, изјавил Реџепи.

Реџепи е задоволен од брзата реакција на надлежните органи и се надева дека случајот наскоро ќе се расчисти и ќе се откријат вистинските мотиви.

– Немавме закани или нечисти сметки со никого. Не знаеме која е позадината. Сторителот мора да ја искаже намерата откако ќе се уапси. За нас несомнено е дека станува збор за нарачано дело, но случајот го оставивме во рацете на надлежните органи. Сторителот откако го изврши злосторството, автомобилот го оставил на улицата „Радушка“, за да го однесе до рампата во Сарај и да избега со друг автомобил”, го објаснува случајот Реџепи.

Зборувајќи за двајцата Косовари уапсени синоќа од полицијата, Реџепи вели дека тие не се вклучени во случајот.

Инаку, синоќа околу 16.40 часот во Скопје, на кружниот тек во населбата Ѓорче Петров кај црквата Св. Петар и Павле, лице од возило „голф“, пукало кон возило „мерцедес“, во кое бил полицискиот службеник Зеклул Реџепи, син на екс поглаварот на ИВЗ, Сулејман Реџепи.

ВИДЕО | Слободен печат дознава: Синот на поранешниот поглавар на ИВЗ е повреден во престрелка во Ѓорче Петров

ФОТО: Синот на Реџепи итно хоспитализиран во Воена болница, крвави траги и скршени стакла на луксузниот автомобил

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот