Реџепи: ВМРО-ДУИ може да формираат коалиција, но во опозиција

Движење БЕСА/Фото: Архива на Слободен печат

Потпретседателот на Движењето БЕСА Кастриот Реџепи денеска на својот фејбук профил напиша дека се убедени во победа на 15 јули, а

Коалицијата „Можеме” е концепт на напредок, развој и заложба за обезбедување подобра иднина за граѓаните на Северна Македонија.

– Слушнав дека претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски откако рече дека не го исклучува Движењето БЕСА како опција за формирање коалиција после изборите. Прво, ВМРО-ДПМНЕ со овој менталитет може само да сонува дека може да има мандат за формирање влада. Едноставно е истата реторика како оние што гледаат „соништа”, бидејќи единствените партии кои не се менуваат во концепт и дејствување се поранешниот режим ВМРО-ДУИ и тие се единствените што можат да формираат коалиција, но овој пат во опозиција, пишува Реџепи на фејсбук.

Движењето БЕСА, како што наведува, е убедено во победата на 15 јули, обезбедувајќи целосен мандат и оставајќи го претходниот режим во опозиција.

– Коалицијата „Можеме” е концепт на напредок, развој и заложба за обезбедување подобра иднина за граѓаните на Северна Македонија, пишува на фејсбук Реџепи

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот