Реџепи тврди дека заради него Пендаровски станал претседател: Самиот ми има кажано, ова е твоја победа, а не моја

Поранешниот поглавар на Исламската верска заедница, Сулејман Реџепи во синоќешното гостување во ТВ21 тврдеше дека со негова помош претседателот Стево Пендаровски победил на ланските избори.

Реџепи рече дека благодарение на неговата интервенција и повик до муслиманите, Стево Пендаровски е избран за претседател и дека тоа му го признал и самиот Пендаровски.

– Миле Зечевиќ од СДСМ, преставник на Зоран Заев и преставник на ДУИ беше Изет Меџити кои ме молеа да ги примам на состанок. Јас да ги примам на состаник, ама каде? Каде сакаш ти. Не, јас им реков каде сакате вие, нема потреба од молба. Тие се луѓе што преставуваат сериозни субјекти. Важно е што јас прифатив, дојдов во Дом на пратеници, побараа од мене да ги помогнам со апел за изборот за преседател на Стево Пендаровски. Два Пендаровци, двајца Стевовци можеа да се изберат со тие гласови со кои интервенирав јас. Јас ја повикав мојата популација, моите муслимани и тоа даде резултат, и самиот Стево Пендаровски ми има кажано, ова е твоја победа не моја, истакна Реџепи во гостувањето во ТВ21.

Пендаровски демантира дека имал било каква комуникација со поранешниот реис Реџепи

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот