12 C
Скопје

Реџепи: Театарот со Мијалков беше за дефокусирање на јавноста од изречените казни во случајот „Монструм“

Пред да се направи ветинг во судството, процесот да се спроведе и во Владата, истакна Скендер Реџепи од партијата Алетрнатива во вечерашно гостување во емисијата „Патот кон“ на ТВ Алсат. Случајот со Сашо Мијалков, кој два дена ја крена Македонија на нозе, според него бил со цел да се дефокусира вниманието на јавноста за изречените казни во предметот „Монструм“.

Случувањето со поранешниот директор на УБК ги нарече скандал, но не е единствен сам по себе што се појавил пред Обвинителствот, туку, според Реџепи, тој требало да биде проследен до затворот во Шутка наместо да биде однесен во домашен притвор. Ризикот од бегство на Мијалков, според пратеникот на Алтернатива, е многу поголем.

Прочитајте и...  ВИДЕО | Професор Наумовски: Спречени се обидите за финансиска диверзија врз банките

– Пред ветинг во Обвинителството или во судството, прво мора да има ветинг во Владата. Затоа што е потсмев на граѓаните да се има ваков театар во кој личноста која важеше за најштетна во владата на Груевски, станува пријател на владините службеници, а воедно и сета таа глума за неговото заминување и враќање беше дел од играта на власта за дефокусирање од случајот „Монструм“, истакна Реџепи.

Мијалков, вели Реџепи, беше пријател на Груевски, но сега е пријател на Владата и тоа е јавна вистина.

– Лицето за кое беше поднесено барање за меѓународна и внатрешна потерница, самостојно се појави пред Обвинителството. Замислете да мине низ целата полиција, безбедноста, да се бара низ целата земја и да му се даде слобода да се јави пешки во Обвинителството. Што е уште полошо, Обвинителството одлучи да го продолжи тој домашен притвор, иако во случајот требаше да биде испратен во затворот Шутка. Затоа што сомнежот дека може да избега од домашен притвор е голем. Владата во овој случај направи сериозно кршење на сите демократски и судски вредности, додаде Реџепи.

Прочитајте и...  Партијата на Борисов ќе предложи своја Влада, иако има мали шанси за поддршка од Парламентот

Поврзани вести

ЕУ воведе санкции за официјални лица во Иран: Техеран одговори со прекинување на соработката

Слободен печат

Американската амбасада во Сараево нема да шпекулира за наводни изјави за територијални поделби

Слободен печат

Дачиќ: Не бев близок со семејството Милошевиќ, но не бев предавник

Слободен печат

77-годишен могилчанец уапсен откако им се заканувал на соселаните со пиштол

Слободен печат

Лукаревска: Најостро демантирам дека Дејан Смилевски имал каква било допирна точка со МојДДВ

Слободен печат

Рашковски вози џип вреден 74 илјади евра кој не фигурира во неговиот анкетен лист

Слободен печат

Остави Коментар