Реџепи: Пратениците на Алијанса на Албанците и Алтернатива се против онлајн работа на Собранието

Собрание на РС Македонија / Фото: СП. архива

Пратеничката група на Алијанса на Албанците и Алтернатива е против каква било форма на онлајн работа на Собранието, изјави денеска за МИА координаторот Скендер Реџепи предупредувајќи дека тоа не е во согласност со законите и Уставот на државата.

Според Реџепи, зад можноста за онлајн гласање владејачките партии сакаат да го прикријат и онака кревкото мнозинство во Парламентот.

-И во други случаи порано пратеници изостанувале од работата на Собранието, вели координаторот на пратеничката група на АА и Алтернатива.

Како што беше соопштено, поради здравствени причини од работата на Собранието отсуствуваат шестмина пратеници, но другите може да се присутни, вели Реџепи. Опозициските пратеници, додава, никогаш не би го попречило функционирањето на Парламентот.

-Треба да има разбирање меѓу политичките партии, истакна Реџепи.

Алијанса на Албанците и Алтернатива и пред поднесување на овој предлог го имаа истиот став во однос на онлајн работата на Собранието.

Претседателот на Парламентот Талат Џафери завчера поднесе предлог за дополнување на Деловникот за работа на Собранието со којшто би се овозможило онлајн вклучување на пратеници со Ковид-19 или во самоизолација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот