Реџепи од Алтернатива: Неопходни се промени во Изборниот законик, но не сме утврдиле колку изборни единици ќе поддржиме

Скендер Реџепи од Алетрнатива/ Фото: МИА

Партијата Алтернатива на Африм Гаши е за измени во Изборниот законик, но се уште не го усогласила својот став со коалицискиот партнер Алијанса за Албанците за бројот на изборни единици, бидејќи и двете партии имат различни гледишта.

-Ние сме за промени во Изборниот законик, бидејќи ова е исто така во согласност со барањата на релевантните институции во ЕУ. Овие измени треба да бидат во функција на демократизација на изборниот процес. Во однос на бројот на изборни единици, ние се уште не сме го усогласиле овој став со коалицискиот партнер затоа што имаме различни мислења за ова прашање и кога ќе има заеднички став, ќе го објавиме јавно – изјави за „Слободен печат“, пратеникот и генерален секретар на Алтернатива, Скендер Реџепи.

Мехмеди: Алијанса за Албанците е за осум изборни единици

 

Јакупи: Eдна изборна единица може да донесе „главоболки” за формирање стабилна владина коалиција

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот