Реџеп Таип Ердоган на средба со челниците на ЕУ

Реџеп Таип Ердоган/ Фото: EPA-EFE/ZSOLT SZIGETVARY

Шарл Мишел и Урсула фон дер Лајен попладнево ќе одржат видео средба со турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган во пресрет на самитот на ЕУ кој ќе се одржи идната недела, јави дописничката на МИА од Брисел.

Дипломатите во Брисел брифираат дека теми на разговор ќе бидат односите помеѓу ЕУ и Турција, поточно ситуацијата во источниот Медитеран, преговорите со Грција за решавање на кипарскиот спор и регионалните прашања, специфично ситуацијата во Либија.

Од Советот на ЕУ велат дека интензивирањето на соработката помеѓу ЕУ и Турција “ќе зависи од тоа дали Турција ќе одлучи да работи со ЕУ, да ги намали тензиите и да стави крај на иритацијата”.

-Областите се добро познати, од економијата и трговијата до човечките контактите и мобилноста како и соработката во областа на миграцијата и засилувањето на дијалогот за низа секторски политики, велат ЕУ дипломатите во Брисел во пресрет на средбата.

Претседателот на Европскиот Совет и претседателката на Европската Комисија во еден часот попладнево ќе разговараат со Ердоган.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот