Ред Бул му ги краде инженерите на Мерцедес

Кристијан Хорнер/EPA-EFE/ISSEI KATO

Стартот на новата сезона во Формула 1 е далеку понеизвесна од минатата благодарение на Ред Бул и Макс Ферстапен кој вози одлично.

Добрите резултати како и намалувањето на разликата во брзината на болидите во однос на минатата сезона, ги осоколу челните луѓе на Ред Бул кои се подготвуваат да му зададат голем удар на Мерцедес кој доминира во изминатите години.

Дури пет инженери за интерен погон го напуштаат шампионскиот тим на Мерцедес и преминуваат во Ред Бул. Оваа вест ја потврди и шефот на Ред Бул, Кристијан Хорнер.
– Тие ќе ни овоможат да имам најсилна можна техничка платформа за иднината. Мисијата на Ред Бул е во сите делови од работата да биде на највисоккот ниво. Знаеме дека успехот ќе се постигне со ангажирање на најдобрите и најталентираните инженери, со користење на вистински ресурси и создавање на опкружување во кое можат да напредуваат – изјави Хорнер.
Инженерите кои во иднина ќе работат на подобрување на болидот на Ред Бул, а пристигнаа од Мерцедес се Стив Блует кој же биде директор за производство, Омир Мостагими кој ќе биде шеф на тимот за електроника, Пип Коуд ќе биде задолжен за механичкиот дизајн и Стив Броди кој ќе биде водел на проектот за мотор со внатрешно согорување и лидер на операциите на тимот.

Првиот човек на Мерцедес, Тото Волф не е изненаден со ваквиот развој на настаните.
– Очекував дека Ред Бул ќе се обиде да привлече некои од нашите инженери. Сево ова е дел од натпреварувањето и еден голем ринг и тоа мораме да го сфатиме само од спортски аспект, никако поинаку – изјави Волф.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот