„Ред Бул“ ќе има одлично дуо во трката за шампионската титула!

Фото: EPA-EFE/Bryn Lennon/Pool

Серхио Перес од Мексико од денеска и официјално е нов возач на Формула 1 тимот „Ред Бул“. Во австриската екипа го менува Алекс Албон, кој наредната сезона ќе ја има улогата на резервен и тест возач.

– „Ред Бул“ потврдува дека Серхио Перес ќе биде во тимот, покрај Макс Ферстапен, за наредната сезона во Формула 1 – се вели во соопштението.

Местото на Перес во „Рејсинг Поинт“ ќе го заземе Себастијан Фетел. Во неодамна завршената сезона 2020 во Формула 1, „Ред Бул“ го освои второто место кај конструкторите со 319 бодови. Кај возачите зад дуото на Мерцедес (шампионот Луис Хамилтон и Валтери Ботас), на третата позиција заврши Ферстапен, а четвртопласиран Перес.

– Исклучително сум благодарен на тимот на „Ред Бул“ што ми даде шанса да возам за него во 2021 година. Можноста да возам за екипата која се натпреварува за шампионската титула е нешто на што се надевав откако сум во Ф1. Горд сум што возам за „Ред Бул“ заедно со Макс.

Можете да бидете сигурни дека ќе бидам максимално концентриран. Тука сум да му помогнам на тимот да се бори за титулата – рече Перес.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот