Ред Бул го врати Гасли во Торо Росо – Слободен печат
ОстанатoСпорт

Ред Бул го врати Гасли во Торо Росо

Австрискиот тим за време на летната пауза одлучи да го замени вториот возач во екипата, Пјер Гасли.

Тимот на Ред Бул кој сезоната има одлични резултати благодарение на Макс Ферстапен, се одлучи за време на двонеделната пауза во Формула 1 шампионатот да се раздели со вториот возач, Пјер Гасли.

Неговто место ќе го заземе Александер Албон кој во првиот дел од сезоната возеше за Торо Росо, додека Гасли ќе го заземе неговото место во вториот тим на Ред Бул. Причината за ваквиот потег на директорот Кристијан Хорнер се слабите резултати на Гасли.

Првиот возач на Ред Бул, Макс Ферстапен во досегашниот дел од сезоната оствари две победи, а уште три пати се најде на победничкиот пиедестал и се наоѓа на третото место во генералниот пласман, веднаш зад двоецот на Мерцедес, Луис Хамилтон и Валтери Ботас. Од друга страна, најдобриот резултат на Гасли е четвртото место на трката за Големата награда на Велика Британија.

– Ред Бул се наоѓа во позиција да има дури четири талентирани возачи под договор кои може да ги менуваат местата во нашиот тим и во Торо Росо. Ние го искористивме правото во наредните девет трки да му дадеме шанса на Албон за да одлучиме кој возач ќе му биде тимски колега на Ферстапен во наредната сезона – стои во соопштението на Ред Бул.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close