Рецесијата се продлабочува – можен распад на Еврозоната?

Државите на ЕУ треба во најкраток можен рок да договорат план за обнова на економијата за јакнење на довербата во националните економии, вели еврокомесарот Џентолини.

Европскиот комесар за економија Паоло Џентилони во интервју за германски Велт вели дека како последица на корона вирусот рецесијата во земјите станува се подлабока, а тоа пак според него може да доведе до распад на Еврозоната.

– Последните економски податоци предупредуваат: рецесијата е подлабока отколку што се очекуваше, економскиот развој на државите во еврозоната станува понерамномерен, отколку што беше прогнозирано претходно. Тоа на што секогаш предупредувавме се случува: рецесијата поради ковид-19 се заканува да ја распадне еврозоната“, истакна еврокомесарот.

Според него, државите на ЕУ треба во најкраток можен рок да договорат план за обнова на економијата за јакнење на довербата во националните економии.

Претходно Европската комисија претстави план за основање фонд за спасување на ЕУ во висина од 750 милијарди евра. Овој предлог Европската комисија ќе им го поднесе на државите членки и на Европскиот парламент, кои можат да го изменат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот