РЕЦЕСИЈА ВО ГЕРМАНИЈА: Крај на „златните години“ на богатата држава

Германската економија се намалила во последните три месеци и се очекува дека ќе доживее уште еден пад во следниот квартал.

Германската економија се наоѓа на раб на рецесија, што е последица на ударот на нејзините фабрики од американско-кинеската трговска војна, неизвесноста околу излезот на Велика Британија од ЕУ и проблеми во нејзиниот клучен автомобилски сектор.

Истражувањето направено во понеделник покажало знаци дека слабоста се шири и на германскиот услужен сектор, кој забележал значителен раст во последните квартали, дури и кога производството било смалено.

Забавувањето на најголемата европска економија се случило пред се заради секторот за производство, кој многу зависи од извозот, а додатен удар било намалената побарувачка од Велика Британија, Кина, Турција и другите земји во последниве години.

„Бројките за производството се очајни. Неизвесноста заради трговската војна, неповолна ситуација на пазарот на автомобили и Брегзит ги парализираа нарачките“, вели економистот Фил Смит за Вол Стрит Џурнал.

Германската економија се намалила во последните три месеци и се очекува дека ќе доживее уште еден пад во следниот квартал. Централната банка на Германија во понеделникот призна дека Германија најверојатно ќе влезе во рецесија, но ја опиша како блага, без причина за грижи.

Иако низ целата еврозоната во август беше забележан пад на индексот, тој беше највисок во Германија, а го достигна своето најниско ниво од октомври 2012 година. Исто така, за прв пат се забележува пад на активноста на приватниот сектор во шест и пол години. Она што најмногу ја загрижува германската државна банка е дали индустрискиот сектор ќе се опорави пред да се прошири економскиот пад во другите сектори.

Сето ова влијаеше и на инвеститорите, кои очекуваа подобри резултати за август.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот