Рецептот на Лукашенко за борба против коронавирусот: Трактори и работа лечат се

Фото: EPA-EFE/SERGEY DOLZHENKO

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко ги охрабри своите граѓани да одат на работа во село и да возат трактори како начин на надминување на епидемијата на коронавирусот.

Белорускиот претседател завршил земјоделски факултет и пред да ја добие претседателската функција, водел сопствен бизнис со агри-културни фарми па неретко во своите обраќања сака да го истакне тој факт. Лукашенко во обраќањето на функционерите на состанокот кој беше емитуван на телевизија рекол дека „не треба да има паника околу вирусот“.

Само мора да се работи, особено сега, во село. Фино е да се види на телевизија како луѓето работат со тракторите и никој не го споменува вирусот. Така што тракторот ќе ги излекува сите. Полето ќе ги излекува сите, нагласи Лукашенко.

Белоруското министерство за здравство претходно соопшти дека бројот на пациенти кои се позитивни на тестот за коронавирусот пораснал на 36.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот