Рецепт за совршено варено вино

Еден од начините  да се згрееме во студените зимски денови е чаша варено вино. Доколку сакате слатки и топли напитоци, вино и овошје, тогаш ова за вас ќе биде вистинско уживање. Подготовката нема да ви одземе многу време, а уживањето е загарантирано.

Топлите напитоци се нешто што се препорачува кога ќе дојде сезоната на вируси и настинки. Еднаш неделно подгответе добро варено вино и на добар пат сте да ја спречите борбата со течењето на носот, кашлањето и болките во грлото.

Состојки:

5 дл. полусуво црно вино

2,5 дл. вода

3 лажички шеќер

½ лажиче каранфилче

малку цимет

неколку резанки портокал

Подготовка:

Две лажички шеќер се топат на тивок оган. Кога ќе пожолти се прелева со водата, зголемете ја температурата на ринглата и оставете водата да зоврие.

Потоа додадете уште една лажичка шеќер, добро промешајте за сето тоа да се соедини и додадете вино. Кога ќе почне да пени тргнете го садот од ринглата, бидејќи овој напиток не треба да зоврие.

Додајте цимет и каранфилче, добро измешајте и истурете во чаша од подебело стакло со рачка.

Вареното вино се пие додека е топло, можете да го збогатите вкусот така што во него ќе додадете резанка од портокал.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот